Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение категорично се оградува од секаква активност и вклученост поврзана со информациите дека вчера за време на свеченото отворање на автопатот Демир Капија-Смоквица била организирана музичка забава.
„Сакаме да ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на каква било забава“, се наведува во краткото соопштение.
Вчера на социјалните мрежи и во дел од порталите се појави видео на кое може да се види дека плех-музика влезе во еден од тунелите и заедно со дел од присутните со чочек го минуваа тунелот.