Нобелова награда за литература оваа година нема да има – Академијата е на удар на обвиненија

Сподели

Фондацијата во соопштението пренесува дека има за цел овогодинешната Нобелова награда за литература да ја додели следната година, заедно со наградата за 2019 година.

Ова е многу редок случај доделувањето на Нобелова награда да биде откажано или одложено, пренесува Ројтерс, и потсетува дека последен пат доделувањето на наградата за литература било откажано во далечната 1943 година, во зенитот на Втората светска војна.

Датумот за доделување на овогодинешната награда се уште не е објавен, иако таа награда секогаш се доделува во првата половина од октомври.

Шведската академија, совет од угледни писатели и лингвисти задолжени за унапредување на шведскиот јазик, се соочува со последиците од обвиненијата за непримерно сексуално однесување на сопругот на една од членовите на оваа институција.

Академијата е на удар на обвиненија и за оддавање на имињата на лауреатите пред нивното формално објавување.

Фотографот Жан-Клор Арно, чија сопруга е членот на Академијата и писателката, Катарина Фростенсон, ги негираше сите обвиненија – и за неадекватно сексуално однесување, како и за оддавање на имињата на добитниците на лауреатот.

Шест од вкупно 18 членови на Академијата поднесоа оставки после овие обвиненија, кои се појавија кон крајот на минатата година, додека уште двајца членови не учествуваат повеќе во работата на Академијата од други причини.

Шведската академија минатиот месец соопшти дека поминува низ сериозна криза и призна дека довербата во институцијата, која ја основаше кралот Густав Трети во 1786 година, е на многу пониско ниво.