Сите луѓе на Премиерот – Сашо ОРДАНОВСКИ

Сподели

Брзината со која Заев именува советници во својот кабинет (сега се над 50) ветува дека можеме да очекуваме наскоро да го надмине бројот на советниците во кабинетот на Груевски (над 80) кога тој си замина од власт. А него го туривме од завитлавање заради тоа!

Ако еден премиер има потреба од толку голем број на надворешни, внатрешни, специјални, времени, повремени и привремени советници, што ќе му е тогаш влада со дваесетина ресори во кои работат стотици и илјадници државни службеници и именувани функционери кои ги „покриваат“ истите области како и советниците на премиерот?

Ова прашање, се разбира, е само реторичко, бидејќи многумина би требало да го знаат одговорот: премиер со 50-100 советници, всушност, е самодоволна влада за себе. Односно, со така гломазни премиерски кабинети, министерствата служат за администрирање со ресорите во кои се спроведуваат политиките, а самите политики се кројат и се донесуваат во кабинетот на премиерот, а не кај надлежните министри.

 Тоа, всушност, ја подразбира една од главните аномалии на македонската демократска практика, изразена со проблемот на персонализираната моќ во македонската политика, особено од доаѓањето на Груевски на власт, а сега и со Заев. (Знам, знам, користам разни еуфемизми за да не го употребам вистинскиот збор: автократија…) Сите решенија и важни одлуки се очекуваат (и доаѓаат) од самиот врв на владата – читај: врвот на партијата, бидејќи тековните партиски структури на моќта (со сите кујни, фракции и партиски крила) се пресликуваат во нашите коалициони влади – дури и без разлика на желбата за микро и макро менаџирање на владејачките процеси од самите личности на премиерите.

А кога за премиери ќе ни се потрефат мераклии за микро-менаџирање, каков што беше Груевски и во каков, по сè изгледа, расте Заев, тогаш овој проблем „експлодира“ со стотина советници околу нив, бидејќи политиките мора да се кројат и прекројуваат во кабинетот на премиерот. Кои се последиците од ваквите системски дисторзии?

Целата колумна на Сашо Орданоски на Цивил Медиа на следниот линк.