Ден на победата над фашизмот

Сподели

Денеска на 9. мај, светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот.

На 9. мај 1945 година, со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

 Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот традиционално ќе биде во Москва каде што на Црвениот плоштад ќе продефилираат припадници на различни родови на руската армија, како и ветерани од Втората светска војна.