Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, ќе се одржи изложбата „Од мој агол“, на 18 мај, со почеток во 13 часот.
Изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии кои децата со аутизам ги изработија во текот на организираното фотографирање на различни локации низ Скопје. Тие низ нивна призма и од нивен агол ни го доловија амбиентот од тоа што го доживеаја.
Националната галерија на Македонија како општествена одговорна институција од областа на културата во рамките на својата програма има голем број на проекти посветени токму на ранливите категори деца со цел да ги афирмира и образува во сферата на уметноста и културата.
Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од страна на Холандската амбасада во Република Македонија. Тенденцијата на пораст на аутизмот во глобални рамки е своевиден факт и токму поради тоа чувствуваме дека е потребно подигање на јавната свест кон овие лица.
На отварањето на изложбата ќе имаат настап и професионалните танчери со Даунов синдром од студиото Dancers United МК.