Во Ерусалим денеска ќе биде отворена новата Амбасада на САД во Израел. Дипломатската мисија, што досега беше во Тел Авив, е преместена во Еруслаим во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае градот како главен град на Израел.
Датумот на отворањето на амбасадата е избран за да се поклопи со Денот на Ерусалим, 51-годишнина која Израелците ја нарекуваат обединување на градот по војната во 1967 година.
Се очекува да присуствуваат на голем број амбасадори на земји кои ја следат одлуката на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува.
Американски владини претставници најавија дека на почетокот персоналот во дипломатската мисија ќе брои најмалку 50 лица. Тој ќе вклучува соработници на амбасадорот Дејвид Фридман и на американските конзуларни службеници, кои веќе работат на теренот.