Копа Америка 2016 – Мексико го победи Уругвај во дербито!

Сподели

Се одиграа првите натпревари и во групата Ц на Копа Америка.

мексико-уругвај1

Репрезентацијата на Мексико го победи Уругвај со 3-1. Во дербито на оваа група Мексико успеа да слави против Уругвај, кој на Копа Америка игра без Луис Суарез.

Алваро Переира во четвртата минута постигна авто-гол за предност на Мексико. Уругвај во финишот на првиот дел остана без Матиас Вечино, кој доби црвен картон.

Силите на теренот без израмнети во 73 минута кога „поцрвене“ Хосе Гуардадо, а резултатски се израмнија две минути подоцна кога гол за Уругвај постигна Диего Годин.

мексико-уругвај

Сепак Мексико до триумфот дојде во последните пет минути со головите на 37-годишниот Рафа Маркез и Хектор Ерера.

Во вториот натпревар од оваа група, Венецуела минимално ја победи Јамајка со 1-0.

Венецуела славеше со голот на Жозеф Мартинез во 15 минута. Патот до триумфот на Венецуела и го олесни Рудолф Остин кој 10 минути подоцна доби црвен картон.

венецуела-јамајка

Вечерва на програмата се две средби од групата Д каде се среќаваат Панама-Боливија и во дербито Аргентина-Чиле.

The post Копа Америка 2016 – Мексико го победи Уругвај во дербито! appeared first on Спорти.


Source: Sporty