ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Од утре следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.