Откако „Фејсбук“ призна дека има договори за размена на податоци на неговите корисници со кинески компании, официјална Канбера го повика основачот и извршен директо Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со доставување на лични информации за корисниците на најголемата социјална мрежа на најмалку четири кинески компании.
„-Постои голема загриженост дали Фејсбук го почитува неприкосновеното право на приватност. Ќе барам Фејсбук да биде сослушан од нашите парламентарни комисии“, изјави австралискиот премиер Малколм Турнбул, додавјќи дека би бил среќен ако на тие сослушувања се појави и самиот Закерберг.
Според последните информации, дел од компаниите со кои „Фејсбук спроделувал лични информации од корисниците на социјалната мрежа, биле „под посебен безбедносен надзор на американските бзбедносни и разузнувачки агенции“.