Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

Сподели

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ вчера порача дека со новата спогодба, Грција не може да го забрани правото на жителите на Република Македонија да се самоопределуваат, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци. Овој договор не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци – рече грчкиот премиер и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.

Ципрас потенцираше дека опозициите во двете земји имаат идентични позиции, дури и изјавите им биле исти, додека, пак, во однос на ставот на коалицискиот партнер во грчката влада, Ципрас рече дека Панос Каменос го известил дека ќе си го задржи почетниот став и нема да гласа за договорот, но и дека нема да ја урне владата.