МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне сончево со слаб ветер од променлив правец. Попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови. Утринската температура ќе се движи до 17, а дневната ќе достигне до 33 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.