МКЦ: “Љубовта на Марија од Магдала” и “Просветлени посети” – Ирена Павлова Одорико

Сподели

Поемата “Љубовта на Марија од Магдала” се две поетски книги од нашата реномирана авторка Ирена Павлова Де Одорико, кои неодамна излегоа од печатење. Павлова веќе неколку години живее и твори во Италија, Венеција, но како дводомен автор неуморно твори и во рамките на двете култури.

Љубовта на “Марија од Магдала” ја објави Здружението за наука и култура “Нова” и на овој конкурс поетесата ја доби наградата “Климентово перо”.

Збирката” Просветлени песни” излезе во издание на “Датапонс” од Скопје, додека “Марија од Магдала” е континиум на специфичната поетика на творештвото која најдобро беше дефинирана од страна на великанот на македонската книжевност, академик Гане Тодоровски, кој ја именуваше како радикална апокрифна фабулизација.

-“Во таа насока би кажала дека тој беше сосем во право, бидејќжи и претходните мои поеми се апокрифи кои се обидуваат познати митови, особено митолошки женски ликови да ги оттргнат од вообичаени ролји и интероретации, како и од нивниот матрикс, да им дадат посебно, ново, современо и истовремено дури и трасгресивно значење, за да ја преиспитаат вистината и свеста за нив”.

-“Љубовта на Марија од Магдала” е вон сите табуи, нејзиниот љубен и вечно прохибиран како таков може да го насетите – додава Павлова.

Просветлени песни е книга која е напишана во свештен поетски нагон – ќе напише Бранко Цветкоски.

Книгите на Ирена Павлова Одорико ќе бидат претставени на 14. јули, во 19. часот во Младински културен центар, во вид на перформанс.