ТАЈЛАНД: Заробените момчиња им пишаа на родителите

Сподели

Момчињата кои веќе две недели се заглавени во пештерата во Тајланд им напишаа писма на своите родители во кои им порачаа да не се грижат и дека се силни.

Во рачно напишаните пораки тие бараат одредена храна, главно пилешко месо, пренесува БиБиСи.

„Наставнику, немојте да ни давате многу домашни задачи“, напиша во писмото едно од момчињата.

Тренерот кој е заглавен со нив им се извини на родителите.

„Драги родители, сега сите момчиња се добро, спасувачкиот тим добро се грижи за нас. Ветувам дека ќе се грижам за нив најдобро што знам. Им благодарам на сите што дојдоа да помогнат“, напиша тој.

Групата испрати пораки откако и тие примија писма од семејствата што е првата комуникација која момчињата ја имале со родителите.