Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Европската Унија во Брисел го одржааа 14-от состанок.
Се разгледуваа теми за односите меѓу Македонија и ЕУ во рамки на спогодбата за стабилизација и асоцијација, подготовките и предизвиците кои произлегуваат од временската рамка за почеток на преговорите, која неодамна ја усвои советот на Европската Унија, како и останати теми поврзани со европските интеграции на Македонија.
Советот потсети дека спогодбата за стабилизација и асоцијација останува во сржта на односите меѓу ЕУ и Македонија до пристапувањето на земјата кон Унијата.
Свои обраќања на Советот пред јавноста имаа Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, Никола Димитров – министер за надворешни работи и Бујар Османи – вицепремиерот за европски прашања.