Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи достави извештај до Европскиот парламент за „Панама Пејперс“, соопштија од прес службата на ЕП.
Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци.
Мандатот на Комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и лидерите на политичките групи, а денеска беше прифатен и од Европскиот парламент.