ВИКИКАМП 2018 во Дихово – 7. септември

Сподели

Викикамп Дихово 2018 е тридневен настан организиран од страна на „Споделено знаење“, огранок на светската Викимедија Фондација во Македонија, која ги промовира слободните содржини и создава проекти за развој на македонското издание на Википедија. Викикампот ќе се одржи на 7, 8 и 9 септември 2018 во битолското село Дихово во подножјето на планината Баба со поглед кон Пелистер во предел со изобилство на природни и културни знаменитости, кои самите по себе се основа за содржини со кои учесниците ќе ја надополнат и збогатат Википедија на македонски јазик.

Целта на кампот е учесниците да се запознаат подобро со Википедија на македонски јазик, но и со другите сестрински проекти на Викимедија, кои се корисна алатка во секојдневниот живот и работење како извор на знаење и информации кои може да се споделат и од самите корисници.

Учесниците ќе бидат обучени за уредување статии на Википедија, подигнување фотографии на Заедничката Ризница (депозитар на слободни фотографии), извршување теренски истражување, фотографирање за потребите на Википедија, внес на проверени извори и информации и други работи. Исто така учесниците ќе бидат запознаени и со Викиекспедициите кои се проект на „Споделено знаење“ кои имаат за цел да ја збогатат Википедија на македонски јазик со информации поврзани со Македонија (градови, села, цркви, манастири и слично) .

Пријавувањето на кампот е возможно преку пополнување на формуларот за пријава: https://docs.google.com/forms/d/12tnCPLO_Ox81mcFVhfXLBhXW8IBrxB7gMonbLQQyjSc/edit?ts=5ae23240

Пријавувањето трае до 01.09.2018, по што комисија од искусни Википедијанци ќе одбере одбере 25 учесници.

Сместувањето, храната, и превозот (организиран од наша страна) се покриени целосно. Избраните учесници ќе бидат контактирани од нас.