- -“Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сe потесен и потежок. Наша должност е да направиме сe што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг. Да се тврди дека Договорот со Грција, односно решавањето на спорот, нема врска со членството во ЕУ и во Северноатлантската алијанса е како дента да се нарекува ноќ. Не можете да бидете за членството во ЕУ и НАТО, а истовремено да бидете против договорот што ја отстранува пречката, ја отклучува вратата, го кине јажето на каменот што нe влече надолу со децении. Можете, ама треба да понудите друг пат кон целта. Пат што ќе биде кредибилен.”
Изјави, Никола Димитров