ОЈО започна предистражна проверка на тендерот за биореагенси

Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почнало проверка за тендерот за лабораториски реагенси што предизвика бројни реакции и повици за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче.

Истражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, соопштија од Обвинителство.