ДУИ апелира до дијаспората од нашата земја да го искористи правото на глас

Сподели

Демократската Унија за Интеграција апелира до дијаспората од нашата земја да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.

Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август: https://dijaspora.sec.mk /Default.aspx.

Исто така, ги покануваме сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември.

Референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ е од исклучителна важност за иднината на земјата и граѓаните, така што ги покануваме сите составни елементи на општеството да се мобилизираат за да се одреди безбедноста на иднината.