Милошоски ќе излезе на референдумот со бојкотирачки став и побара пари за кампања

Сподели

Пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието, Талат Џафери извести дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум.

„Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин“, се наведува во соопштението на Милошоски испратено до Џафери.

Пратеникот побара да му бидат обезбедени средства за намената.