Трамп му честиташе на Иванов: Договорот од Преспа го поплочува патот до НАТО и ЕУ

Сподели

Договорот од Преспа го поплочува патот на Македонија до членството во НАТО и Европската Унија, му порачува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорге Иванов во честитката за Денот на независноста – 8 Септември. Трамп упати честитки и до граѓаните на Македонија.

„Македонија има многу причини да биде горда за годинава. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го поплочува патот на Македонија до членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особено во претстојните разговори за зашето членство во НАТО“, се вели во честитката на Трамп до Иванов, која денеска беше објавена на веб-сајтот на амбасадата на САД.