Џафери: Кампањата ќе ја водиме транспарентно, непосредно и директно

Сподели

На денешната прес- конференција во Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека како овластени носители на кампањата, Собранието кампањата за референдумот ќе ја води недискриминирачки и ќе се води транспарентно. Сите медиа планови ќе бидат поставени на страната на собранието за граѓаните да имаат пристап до нив, истакнувајќи ги и поголемите предности од членството во НАТО.

„Свесни сме дека голем дел од граѓаните ги знаат придобивките од членството што е потврдено и преку анкетите кои покажуваат дека поддршката за ЕУ и НАТО не паднала под 70%, а свесни сме дека има и граѓани кои не го поддржуваат членството на земјата во овие институции.

Пратениците, ниту партиите нема во кеш да добиваат пари од предвидените 80 милиони денари за кампања за референдумот, изјави Џафери.

„Средствата за кампања се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија ‘за’ или ‘против’. Иако 49 пратеници рекоа да се пренаменат, не може, средства остануваат.

Во кампањата на Собранието ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го извести Џафери дека нема да учествува во кампањата и дека бара средствата да бидат потрошени за други цели.

Џафери во име на координативно тело ги повика сите учесници во кампањата да се однесуваат, како што кажа, соодветно, коректно, достојно со цел граѓаните на 30 септември да ја донесат вистинската одлука.