Вчера истече рокот на кој ВМРО-ДПМНЕ требаше да го каже ставот за референдумот

Сподели

Вчера помина рокот на кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го соопшти ставот за референдумот.

Извршниот комитет на партијата денеска ќе заседава, по што можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе соопшти дали во целост го поддржува или го отфрла референдумот, или пак ќе остави нејзините членови и симпатизери да донесат самостојна одлука дали и како ќе гласаат на референдумот.

За разлика од централата, истакнати партиски припадници веќе се произнесоа со став за референдумското прашања.

Пратеникот Антонио Милошоски излезе со став дека ќе го бојкотира референдумот, а „реформаторот“ Петар Богојески дека ќе гласа, зошто и гласот „против“ е глас за Македонија.