Денеска, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин, ги предаде копиите на акредитивните писма на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.
Посакувајќи му успех во извршувањето на одговорната функција на амбасадорот Баздникин, министерот Димитров подвлече дека Република Македонија, стратегиски ориентирана кон евро-атлантските интеграции, придава значење и на натамошно унапредување на односите со Руската Федерација и интензивирање на соработката во сите областите од заемен интерес.