На воена парада во Иран 24 лица загинаа, а 53 се повредени

Сподели

Најмалку 24 лица загинаа, а 53 се повредени во нападот врз учесниците и гледачите на воена парада во југозападниот ирански град Аваз.

Во нападот се повредени најмалку 53 лица, вклучувајќи и жена и дете. Ранетите се во критична состојба.

Локалните медиуми информираат дека две лица отвориле оган и тоа прво кон гледачите и војниците, а потоа се обиделе да стрелаат кон гостите на официјалната трибина, но биле неутрализирани од страна на силите на редот. Се претпоставува дека притоа напаѓачите се повредени.

Напаѓачите дошле со мотоцикл и биле со униформи со каки боја, ​​наведуваат американските медиуми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, извршен на денот кога Иран ги празнува своите вооружени сили.