Сите 3.480 гласачки места навреме се отворени и за првите 2,5 часа од гласањето на референдумот не се регистрирани неправилности, соопшти ДИК на првата прес-конференција.
Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право на референдумот го искористиле 2,5% од гласачите. Податокот е добиен по обработка на 71% на добиени податоци.
До сега биле поднесени 3 приговори за заштита на личното изборачко право.