-“Мојот став за ова прашање е непроменет. Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи. -Знаев дека ќе дојде до ваква реакција кај жителите на Аеродром. Затоа вечерва повикувам претставници од протестот да дојдат кај мене во Општината да разговараме и да се разбереме подобро. ”
Изјави, Златко Марин