Раѓањето на македонската држава е резултат на личната одлука на секој маж и секоја жена, на сите учесници во Народно ослободителната војна. Таа генерација наши претходници ја грабна историската шанса за создавање своја држава. Секој од нив одделно препозна дека е време за избор кој ги стави на вистинската страна на историјата. Презедоа одговорност.
Денеска повторно сме пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро да направи исчекор кон остварување на стратешката цел – Република Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, нова ѕвезда во европското соѕвездие. Нека ни е честит 11 Oктомври, Денот на народното востание!
Зоран Заев