Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии, со кои ќе разговара околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.