Панчо Минов ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Пратеникот Панчо Минов од редовите на ГРОМ кој е во коалиција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неговото вечерашно гостување во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 Вести најави дека ќе го прекине неговото членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ако е точна информацијата дека од партијата на вечерашната седница на Централниот комитетет разрешени се потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Костадин Богданов.

– Доколку е точна информацијата, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствувам само како пратеник на ГРОМ сѐ додека Христијан Мицкоски е претседател на паријата – изјави Минов.