Направена е симулација за подобро разбирање на светлинското зрачење кое се создава додека две супермасивни црни дупки со маса од милијарди сончеви маси коорбитираат една околу друга, само моменти пред конечно спојување во една супермасивна црна дупка. За прв пат е направена компјутерска симулација која во целост ги зема во предвид сите физички и релативистички ефекти од Ајнштајновата теорија на релативитет каде се гледа дека тие претежно светат во ултравиолетово и рендгенско зрачење.
Секоја поголема галаксија во своето средиште содржи супермасивна црна дупка, според набљудувањата знаеме дека галаксиите често се соединуваат, а со тоа и нивните супермасивни црни дупки, но досега ниту еднаш не е забележан моментот на соединување. Многу се ретки примерите каде во некоја галаксија се забележуваат две супермасивни црни дупки, со тоа знаеме дека многу брзо по соединувањето на галаксиите се соединуваат и супермасивните црни дупки. Со овие симулации целта е да се откријат супермасивните црни дупки кои се во голема близина од каде во иднина би можеле да очекуваме сигнал од гравитациски бранови.
Постоечките опсерватории за гравитациски бранови не можат да ги забележат гравитациските бранови кои потекнуваат од супермасивни црни дупки бидејќи нивната бранова должина е многу поголема од интерферометрите на самите опсерватории.
Симулациите укажуваат дека тие зрачат со голем интензитет на само 40 орбити пред (соединувањето) судирот. Моделирањето на овие космички системи во иднина ќе им помогнат на научниците полесно да ги идентификуваат и пронајдат бинарните системи од супермасивни црни дупки.