Јанчев: Добивам закани по живот – Мицкоски негира дека се од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, синоќа не дојде на гостувањето на „Телевизија 24“, бидејќи, како што рече, добил закани по живот ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило.

-” Последниот месец константно добиваме закани на „Фејсбук“ и по СМС. Меѓутоа денеска добивме закана по телефон на мојата сопруга и тоа беше причината да останам вечерва со семејството. Јас имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закани дека ако излезам, ќе цитирам: На Јанчев во сон му се јави татко му и му рекол дека ако гласа за брзо време ќе се видат. А, мојот татко е починат од 2005 година. Ми се чини дека „Фејсбук“ ботовите се лажни ботови, а за СМС пораките се пријавени броевите така да очекувам да се откријат. Сум разговарал за ова со Мицкоски и сега пред 5 минути, тој ме уверува дека не е од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и би сакал да верувам во тоа. Би сакал моето семејство да може да функционира нормално” – изјави Митко Јанчев.