Стартува 15-тото ЕП во фудбал 2016 во Франција, овие факти треба да ги знаете!

Сподели

Вечерва на стадионот „Сен Дени“ во Париз, со натпреварот помеѓу Франција и Романија, започнува 15-то Европско првенство во фудбал 2016.

франција 2016-1

Домаќин на првенството, на кое титулата ќе ја брани селекцијата на Шпанија, е Франција, која во 1984 и 2000 година била континетален првак.

Европското првенство ќе биде прво во кое ќе учествуваат 24 држави. Франција е прв фаворит на ЕП, не дека е домаќин туку поради составот кој го има Дидие Дешам. Погба, Гризман и Паје се предводници на оваа француска генерација.

Свои сметки имаат и Шпанија односно Германија, а како фаворити од сенка се издвојуваат Белгија, Англија и Хрватска, можеби и Португалија со Кристијано Роналдо, за кого ЕУРО 2016 е веројатно последното големо натпреварување на кое ќе се обиде да направи некој забележителен резултат со националниот тим.

Шпанија со изменет тим ќе тргне во одбрана на титулата. Самодовербата им е разнишата по шокантниот пораз од Грузија, во пријателски меч.

групи

Германија, со проверени сили ќе се обиде на светската да ја придодаде и европската титула.

Белгија има врвни фудбалери, вистински ѕвезди, а се чини дека најслаба алка е селекторот Вилмотс, кој со оглед на потенцијалот кој го поседува често игра премногу дефанзивно.

Англија има интересен состав, со неколку млади и талентирани фудбалери, а главната сила ја има во нападот, каде се двајцата најдобри стрелци во Премиерлигата Кејн и Варди.

Хрватите, во Франција на СП во 1998 година го постигнаа својот најголем успех, а актуелниот состав им дава надеж дека на ова ЕП можат да стигнат до самата завршница.

франција 2016

Утре на програмата се играат три средби, Албанија-Швајцарија, од 15 часот, Велс-Словачка од 18 и како шлаг на утрепниот ден е дербито Англија-Русија од 21 часот.

ЕП 2016 во Франција ќе трае до 10 јули.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=CdEo5lvhI4k]

The post Стартува 15-тото ЕП во фудбал 2016 во Франција, овие факти треба да ги знаете! appeared first on Спорти.


Source: Sporty