Освен во нашите медиуми и јавност, бегството на осудениот екс премиер Никола Груевски е една од главните теми и во светските медиуми, вклучително и унгарските.
На унгарскиот портал „HVG“ е објавена карикатура, потпишана со уметничкото име „MARABU“, со Никола Груевски и неговиот пријател, унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во облакот врз карикатурата на Никола Груевски тој му се обраќа на Орбан со прашањето: „ Како премиер, крадев, лажев и бев измамник. Сега во мојата земја ме гонат. Дали ќе ме примите кај вас?“
„Задоволство ни е секогаш да примиме луѓе што ја делат нашата култура!“, му одговара Виктор Орбан.