Канцеларијата за имиграции и азил донела одлука за барањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за политички азил во Унгарија, објавуваат претпладнево унгарските медиуми.
Повеќето медиуми ја пренесуваат веста на „Хунгариан Тајмс“, кој повикувајќи се на владини извори и на извори во Канцеларијата за имиграции и азил, извести дека одлуката за барањето на Груевски е донесена по скратена постапка. Не се прецизира дали барањето е прифатено или одбиено.