Партиите бараат во пописот да се вклучи етничката припадност

Сподели

Предлогот на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во пописот од 2020 година да нема изјаснување за верската и етничката припадност на населението предизвика негативни реакции, главно кај албанските партии, со оглед на тоа дека Република Македонија е мултиетничката држава, но и непостоење на регистрација, известува „Порталб.мк“.

ДУИ:

Формиравме партиска комисија со луѓе со искуство и знаење во овој поглед, која ги анализира сите аспекти на пописот. Оваа недела Комисијата ќе се сретне со раководството на Заводот за статистика за да ги слушне нивните идеи и ќе продолжи со бројни состаноци, анализи и потоа ќе искаже својот став за организирањето на овој важен процес – велат од ДУИ.

Алијанса за Албанците:

Алијансата за Албанците, се категорични против предлогот, проценувајќи дека нема причина поради која на пописот на населението не треба да има изјаснување на етничката припадност.

АА не прифаќа таков попис, бидејќи не гледа ниту причина да нема графа за етничка и религиозна припадност. Алијансата ќе се обиде да ги побие тврдењата дека етничката и верската припадност не се значајни, апелираме до сите Албанци да не го потпишат е поништувањето на идентитетот на Албанците – вели потпретседателот на АА, Елми Азири.

БЕСА (Гаши):

Сметаме дека недостатокот на пописот од 2002 година веќе имплицира таква определба. Треба да знаеме кој и колку е во оваа држава. Ако оваа држава во преамбулата е дефинирана според етничката припадност, не гледаме причина зошто во пописот треба да се кријат етничките идентитети. Во тој случај би требала да се договориме во преамбулата “Македонија да биде држава на граѓаните”, и на ниту една определена етничка група. Мислиме дека етничката припадност е важна за иднината на земјата, уште повеќе што етничкиот идентитет не се менува со јазичниот идентитет – вели Орхан Муртезани од движењето Беса чиј претседател е Африм Гаши.

БЕСА (Касами)

Во сите земји во светот пописот е статистички процес, додека кај нас е политички бидејќи колективните права на Албанците во многу сегменти се поврзани со процентот. Затоа сакаме да ги отстраниме навредливите термини од уставот и откако ќе ги регулираме отворените прашања на Албанците тогаш нема да има проблем да се реализира статистички процес кој исто така треба да го содржи графата на етничките заедници што живеат. Предлогот на Заводот за статистика е неодмерен и остава простор за сомневање дека со ова се подготвува сценарио на штета на Албанците. Движењето Беса ќе се ангажира со сиот капацитет во пописот да се содржи и етничката и религиозната припадност и да се реализира откако Албанците да бидат соодветно потставени во раководни позиции – вели Елмедин Мемиши, портпарол на движењето Беса со претседател Билал Касами.

НДП:

Весел Мемеди од Националната демократска преродба (НДП), вели дека Албанците немаат дилема дека етничката припадност е тема од суштинско значење, а законот за регистрација го усвојува Собранието, а не Заводот за статистика.

Законот за регистрација го усвојува Собранието, а не Заводот за статистика. Конкретна акција се води во Парламентот, а не на социјалните мрежи. Јавноста треба да разбере кои се суштинските теми што ги бара ЕУРОСТАТ и кои се секундарните. Ништо од тоа што се говори во јавноста не е суштинска тема за ЕУРОСТАТ, вклучувајќи го и јазикот, и затоа нема потреба за паника. За Албанците, не постои дилема дека етничката припадност е суштинска тема, и никој не се сомнева во тоа – вели Мемеди.

„Порталб.мк“, исто така, побара мислење и од ДПА, но тие не беа достапни.

СДСМ:

Владејачкиот Социјалдемократски Сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека е “логично во пописот да се вклучи и етничката припадност”, додека опозицијата ВМРО-ДПМНЕ вели дека немаат став, но дека оваа идеја според нив е “чудна и опасна“.

Ова е предлог на Државниот завод за статистика, станува збор за тестирање на системот пред спроведување на општиот попис. До крајот на оваа година, Владата треба да подготви нов предлог-закон за попис. Според нас, како СДСМ, пологично е да имаме графа на етничка припадност – вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

ВМРО-ДПМНЕ:

Во овие денови ќе се состаната органите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе излезат со конечен став во врска со графата националност. Она што можам да го кажам сега е дека ова чудно и опасно – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Инаку, минатата недела директорот на Заводот за статистика изјави дека пописот на населението ќе се спроведува од 1 до 21 април година од 2020 година и нема да ја содржи графата за етничка и верска припадност, бидејќи според него, овие графи се злоупотребени за политички цели. За да се разбере припадноста на граѓанинот, ќе се праша кој јазик му е мајчин јазик.

За пописот на населението ќе бидат ангажирани околу пет илјади лица, и овој пат ќе се користи комбиниран метод, што значи дека покрај користењето на теренските податоци ќе се користат и податоци од регистрите. Се проценува дека за овој процес ќе бидат потребни околу 8,5 милиони евра.

За да се спроведе пописот, Владата прво треба да усвои нацрт-закон, а потоа истиот да се усвои во Собрание.

„Порталб.мк“, го контактираше владиниот портпарол, но тој сè уште не прецизира до каде е процедурата за нацрт-законот. Нацрт-законот за попис официјално ќе биде подготвен од Министерството за правда до 31 јануари следната година. Откако ќе се подготви истиот треба да биде ставен на увид на јавноста во Електронскиот национален регистар, каде што ќе биде отворен за дискусија и јавен надзор 20 дена. Потоа, истиот ќе треба да се достави во Влада за усвојување, а потоа ако владата го усвои, ќе биде испратен во собраниска процедура. Последниот попис на населението во Македонија беше реализиран во 2002 година, а во 2011 година започна, но не беше реализиран.