Уште 30 дена притвор за Орце Камчев

Сподели

Нови 30 дена притвор им определи Кривичниот суд на осомничените во случајот „Империја“. СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сеуште постојат причини за кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.

Јордан Камчев и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, остануваат уште еден месец во притвор. За екс шефот на УБК, Сашо Мијалков СЈО дополнително побара притвор за овој случај.