Ципрас: По Договорот од Преспа, Македонија наместо ѕид ќе стане мост меѓу двете земји

Сподели

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, каде е на официјална посета и средба со српскиот државен врв, твитна дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале за тространа соработка со Македонија во полињата на транспортот, енергетиката, трговијата, како и за полициска соработка.

Меѓу другото, тој најави и изградба на брза железница меѓу Атина и Будимпешта.

На заедничката прес-конференција со Вучиќ, по втората средба на Грчко-српскиот совет за соработка на високо ниво, порача дека Грција ќе продолжи да биде витален помагач на Балканот.

– Преземаме дипломатски иницијативи за да ги претвориме симпатиите на двата народи (грчкиот и српскиот) во дела. Мора да дадеме позитивна перспектива и да се запрашаме дали политиката на интертност може да создадат перспективи. Напротив, мултидимензионалната надворешна политика може да донесе перспектива. За нас Балканот е економски витален, а Грција е витална за останатите балкански земји. Јас верувам во визијата за интербалканска соработка и се радувам на можност за отклучување на големиот потенцијал на нашиот регион. По ратификацијата на Договорот од Преспа од парламентите на двете земји (Грција и Македонија), ќе продолжиме со тристрана соработка за да ги унапредиме Пиреја, Солун, Белград, како транзитни центри и потоа ќе пристапиме кон пакт за економска соработка меѓу Грција и Србија – рече Ципрас.

Тој посочи дека со Преспанскиот договор, Македонија наместо ѕид, ќе стане  мост меѓу двете земји.

Најави и железничка пруга за големи брзини што ќе ги зближи трите земји.

– Грција е земја што игра најстабилизирачка улога вво регионот. Таа го докажува тоа со Преспанскиот договор по повеќе од 30 години конфликт со нашата соседна земја, нашата,  на Грција и Србија заедничка сосетка и нема да биде претерување да се каже дека имаше една земја што беше како еден сив појас меѓу нас. Сега немаме ѕид меѓу двете земји, туку мост. Преспанскиот договор ќе помогне на Грција и Србија да се приближат повеќе и да ја доразвиваат економската соработка, преку инвестиции и планови што ќе ја засилат меѓусебната поврзаност и ќе овозможат граѓаните и стоките да патуваат побрзо. Нашата цел е првиот меѓународен договор што нашата соседна земја ќе го потпише со новото име да биде меѓу Грција, Србија и Северна Македонија за брза железничка пруга што ќе ги спојува Атина, Солун, Скопје, Белград, а потоа и до Будимпешта, што ќе ги приближи дополнителнно Грција и Србија и ќе има крајно поволни последици за трговијата ,туризмот, но и за стабилноста на Балканот – рече Ципрас.