Министерство за животна средина: Не палете бадникови огнови

Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање преку соопштение упати апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух.

Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива – се додава во соопштението.