Путин: Надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Сподели

Според рускиот претседател Владимир Путин, Соединетите држави го дестабилизираат Балканот со „потврдување на нивната доминантна улога“ во регионот.

„Што се однесува до ситуацијата на Балканот, политиката на САД и некои други западни држави, чија цел е да ја потврдат својата доминантна улога, останува сериозен дестабилизирачки фактор“, наведува Путин во интервју за српските весници „Вечерње новости“ и „Политика“, објавени пред неговата посета на Србија.

„Минатата година, со цел да се поттикне процесот на македонското пристапување кон НАТО, беше лансиран проект за да се воведат уставни измени и преименување на земјата, за да се преиспитаат основите на македонскиот национален идентитет. Уште повеќе, волјата на македонските гласачи беше игнориран, референдумот за преименување на земјата не успеа, но притисокот од надвор продолжува“ – изјави Путин.