Transparency International: Македонија и Косово најкорумпирани на Балканот

Сподели

Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата во 2018 година, што Транспаренси Интернешнал го објави денеска, Македонија и Косово го делат 93 место во однос на корупцијата. Тие се најслабо рангирани на Балканот. Пред нив се: Хрватска на 60 место, Романија на 61, Црна Гора на 67, Бугарија на 77, Србија на 87 и Босна и Херцеговина на 89 место.

Транспаренси Интернешнал објави годишен извештај за Индексот на перцепција на корупцијата во светот за 2018 година, кој го мери нивото на корупција во јавната администрација во 180 земји и територии низ светот. Индексот е создаден врз основа на 13 истражувања во деловниот сектор, како и стручни проценки.