Јовески и Јанева разговарале за одлуката на Врховен суд – СЈО ќе продолжи „да постапува“

Сподели

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска се сретнал со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, информираа преку заедничко соопштение двете обвинителства.

Јовески и Јанева разговарале за одлуката донесена на вчерашната седница на Врховен суд дека СЈО не може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка после 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност.

„На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во тој контекст, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи“, се вели во соопштението.