НАСТАНИ: Салаковски Езера 2180 мнв и Врв Убава 2355 мнв

Сподели

MDsalakovskiezeraivrvubavasportskinastani

Јакупица, 19 Јуни

 На 19.06.2016 (недела) ДПС Трансверзалец Скопје организира искачување на Салаковски Езера (2.180 мнв) и Врвот Убава (2.355 мнв) на планината Јакупица.

Салаковските езера претставуваат две глацијални езера на планината Јакупица во Македонија кои се наоѓаат на 2180 мнв. Станува збор за две езера кои се единствените постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од Караџица т.е. под врвот Убава. Врвот Убава е на височина од 2.355 мнв. Стартот на акцијата е од селото Црн Врв(1.292мнв).

Програма

07:00 поаѓање од паркингот пред Поштата на Железничка станица – Скопје со организиран превоз;

08:00 -08:30 пристигнување во с.Црн Врв(1.292мнв) и поаѓање кон Салаковски Езера;

12:00 пристигнување на Салакови Езера (2.180 мнв) со можност за искачување на врвот Убава(2.355 мнв);

13:30 -14.00 поаѓање назад кон с.Црн Врв;

16:30 – 17:00 пристигнување во с.Црн Врв и враќање за Скопје.

Напомена:

Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.

Исхараната е од ранец. Вода треба да се носи задолжително најмалку 1.5л. Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема за искачување согласно временската прогноза, разгазени планинарски чевли.

Акцијата ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Превозот е организиран со комбиња од Скопје.

Турата спаѓа во категорија средно тешка.

Цена за превоз: 350 денари

Информации – Зоран Костадинов 070/641-998

Пријави и уплати најдоцна до 17.06.2016 год