ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -4 до 4, а дневната од 2 до 9 степени.

Во Скопје, слично време, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.