Таблата на Богородица доби налепница Република Северна Македонија

Сподели

Царинската управа денеска на граничниот премин Богородица со Република Грција залепи налепница на таблата на која го пишува новото уставно име на државата – Република Северна Македонија.

Во рок од три дена Царинската управа треба да постави табли и на останатите гранични премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исполни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.