МВР покрена пет постапки за говор на омраза на социјалните мрежи во врска со трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, информираше министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски.
– Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обвинителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција – рече Спасовски.
Министерот очекува денеска да има првични сознанија околу истрагата за автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.
Тој упати благодарност до институциите на државно и на локално ниво, кои како што рече реагирале бргу и ефикасно, на лекарите и медицинскиот кадар од јавното и приватното здравство, а ја потенцираше и солидарноста на граѓаните.