Најавена средба Заев-Ахмети: Без ДУИ имаме 58 пратеници, значи немаме 61

Сподели

Премиерот Зоран Заев и Али Ахмети за утре најавија средба на која ќе разговараат за заеднички кандидат за претседател, но и за политичката ситуација во земјата.

Ахмети вели дека нема криза во односите во владината коалиција.

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека без ДУИ имаат коалиција од 58 пратеници.

-“Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми. Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки. Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири е сериозна функција во партијата, а секако и во државата преку пратеничкиот мандат. Вредно е да се разгледаат сите аргументи и од Зеќири, како и од сите други пратеници, да ги слушнеме и нашите партнери ДУИ за да можеме на крајот да донесеме заклучоци.”- изјави вечерва премиерот Заев.