Претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денеска до полноќ го имаат последниот ден за поднесување на кандидатурите до Државната изборна комисија.
Кандидатура ја поднесе само Блерим Река поддржан од Алијансата и БЕСА.
Кандидатот кој ќе добие мнозинството гласови од запишаните во избирачкиот список, односно 900.000 ќе биде победник уште во првиот круг на 21 април. Во спротивно на вториот изборен круг на 5 мај, победник ќе биде кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови, под услов да излезат 40 проценти од запишаните избирачи.