Се сеќаваме дека СЈО беше воспоставено од главните политички партии преку Договорот од Пржино, со цел да се обезбеди превземање одговорност за нелегалните пресретнувања на комуникациите, како и за содржината на истите – вели Жбогар.
Тој посочува дека одблиску ги следеле дискусиите за нацрт законот, што се одвиваа помеѓу Владата и главната опозициска партија.Ги поттикнуваме сите парламентарни политички партии и почитувани членови на Собранието позитивно да го земат предвид усвојувањето на законот. Ова ќе им ја покаже на граѓаните, како и на меѓународната заедница, посветеноста за утврдување одговорност за сите кривични дела, особено за корупцијата на високо ниво и злоупотреба на моќ, но и за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Исто така, ќе придонесе кон исполнување на желбата на граѓаните за фер општество, засновано на правила, што всушност е суштината на процесот на проширување на Европската Унија – истакнува Жбогар во изјавата во врска со измените на Законот за јавно обвинителство.