Војската на Малта ослободи танкер грабнат од пиратите во Средоземното Море

Сподели

Вооружените сили на Малта ја презедоа контролата врз товарниот танкер „Elhiblu 1“, кој вчера го грабнаа пирати во водите на Средоземното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пиратите со гумени глисери вчера во либиските води на Средоземното Море грабнаа 52 метри долг танкер и ги заробија сите шест члена на посадата.

Во соопштението на војската на Малта се наведува дека операцијата за ослободување на танкерот, кој пловел под знамето на Палау, е успешно изршена.

Танкерот на 22 март заплови од Турција, а посадата ја сочинуваат капетан од Турција, четворица морнари од Индија и државјанин на Либија.